Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Опремена училница за електромонтерска настава доби СОУ „Гошо Викентиев“ како донација од ЕВН Македонија

автор: Администратор
6 октомври, 2026 14:00
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Опремена училница за електромонтерска настава доби СОУ „Гошо Викентиев“ како донација од ЕВН Македонија

СОУ „Гошо Викентиев“ доби нова училница, донирана од ЕВН Македонија, наменета за стекнување знаења и вештини поврзани со работните процеси во електроенергетскиот сектор. Учениците ќе имаат можност да работат со опрема, материјали и алати што се користат во секојдневната работа на електромонтерите на Електродистрибуција, вклучително и опрема за низок и среден напон.

Училницата поседува опрема за безбедност и здравје при работа, со цел учениците уште во текот на образованието да ги усвојат стандардите за безбедно работење.

-Вложувањето во практичното образование е вложување во иднината на енергетскиот сектор. Со оваа училница сакаме на учениците уште во текот на образованието да им овозможиме директен контакт со опрема и материјали што се дел од нашата секојдневна работа, но и да ги запознаеме со високите стандарди за безбедно и одговорно работење. На овој начин создаваме подобра основа за нивната професионална подготовка и за кадрите што ќе го градат овој сектор во иднина, изјави Матиас Шаибелрајтер, управител на Електродистрибуција.

Повеќе од една третина од учениците од електроенергетската струка во училиштето, односно 19 од вкупно 54 ученици од прва до четврта година, реализираат практикантска обука во компанијата.

Новата училница ќе им овозможи дополнителна практична подготовка, а ќе биде на располагање и на идните генерации ученици од оваа струка.

-Секој ученик кој ја реализира практичната настава има свој ментор и континуирано се следи во текот на образовниот процес. Преку работата со нашите колеги, учениците се запознаваат со работната средина, со начинот на работа и со културата на компанијата, истакна Фисник Осеку, раководител на Човечки ресурси при ЕВН Македонија.

За учениците кои ќе покажат интерес за работа во компанијата и ќе се истакнат со сериозен и одговорен пристап, дисциплина и проактивност, по завршувањето на образованието постои можност за вработување во компанијата ќерка – Електродистрибуција.

-Благодарни сме на ЕВН Македонија за поддршката и за создавањето подобри услови за образование и професионална подготовка на нашите ученици. Со новата практична училница, нашите ученици добиваат подобри услови за стекнување практични знаења и запознавање со опремата и работните процеси во енергетскиот сектор, истакна директорот на СОУ „Гошо Викентиев“, Владо Симеонов.

Во рамки на проектот „Учење преку работа“, ЕВН Македонија соработува со 15 средни електротехнички училишта низ земјата, со што околу 250 ученици реализираат практична настава и учење преку работа во Корисничките енерго центри на Електродистрибуција.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: донацииевневн македонијасоу „гошо викентиев“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани информира дека во тек е постапка во Министерството за транспорт за превземање на линиите по прекинот на работата на „Авто Атом“

автор: Т. Ајтовски
6 октомври, 2026 14:27
0

На јавната реакција на студентите од Кочани за отежнатиот меѓуградски превоз кон Штип и обратно, Општина Кочани достави писмен одговор, во кој се појаснува дека во моментот во...

прочитај повеќе
Реакција на студентите од Кочани: Високи цени за автобуски билети до Штип и нефункционален возен ред го отежнуваат студирањето
Кочани

Реакција на студентите од Кочани: Високи цени за автобуски билети до Штип и нефункционален возен ред го отежнуваат студирањето

автор: Т. Ајтовски
6 октомври, 2026 12:49
0

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“, кои секојдневно патуваат на релацијата Кочани – Штип – Кочани, се соочуваат со сериозни проблеми, несигурност и високи трошоци за меѓуградскиот автобуски превоз....

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 7, 2026 - сре
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, N
48%
766.57 mmHg
wed10/07 thu10/08 fri10/09 sat10/10 sun10/11
неколку облаци
25/12°C
чисто небо
25/11°C
одвоени облаци
23/14°C
облачно
21/14°C
слаб дожд
16/11°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?