Локалната самоуправа на Зрновци ги почна подготовките за одбележување на значаен јубилеј — 30 години од основањето, заедно со традиционалното одбележување празникот Митровден – Денот на Општината.
Тридневната програма, што ќе се одржи од 6 до 8 ноември, ќе добие поддршка и од локалните стопанственици.
-Оваа година се навршуваат 30 години од основањето на Општина Зрновци, а воедно го одбележуваме и Денот на Општината. Првично концептот беше замислен да биде со два посебни настана, меѓутоа пред сѐ поради финансиските средства, во разговор со нашите стопанственици коишто сакаат да ни излезат пресрет, се одлучивме да ги споиме 30-годишнината на Општината и Денот на Општината за викендот – 6, 7 и 8 ноември. Еден ден ќе има свечена седница, другиот ден ќе биде планинарска тура со ‘Осоговски орел’, на 7 ноември е вечерната литургија, а на 8 ноември е утринската литургија. После тоа имаме положување на цвеќе и завршна свеченост со културно-уметничка програма, истакна градоначалникот Ванчо Митев.
Во рамки на одбележувањето на јубилејот ќе бидат поканети сите поранешни функционери, соработници и граѓани кои со својот ангажман придонеле за развојот и градењето на Зрновци во изминатите три децении.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






