Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општините од Истокот се изборија за помала давачка, наместо 60 ќе плаќаат по 10 денари од жител за регионалната депонија кај Свети Николе

автор: Т. Ајтовски
1 јуни, 2026 14:20
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
700 кубни метри отпад за два дена од Кочани се транспортирани на депонијата кај Бели

Општините од Источниот и Североисточниот регион постигнаа договор за значително намалување на првично бараниот износ за финансирање на заедничкото јавно претпријатие „Екоисток Североисток“ – Свети Николе, кое ќе управува со идната регионална депонија.

Наместо првично предложените 60 денари по жител, Советите на Општините донесоа одлука за издвојување на 10 денари од глава на жител за тековно работење и одржување на претпријатието.

Оваа одлука следува по низа заеднички состаноци на градоначалниците од двата региона, каде што се дефинираше начинот и динамиката на функционирање на новата регионална депонија која ќе биде сместена во Мечкуевци кај Свети Николе.

-Првичниот предлог на директорот на регионалното претпријатие беше неприфатлив за локалните буџети. Ни беше побарано по 60 денари од жител за да може да почне да функционира тоа јавно претпријатие. Јас констатирав дека нашата Општина не е во состојба да плати толку високи финансиски средства и после тоа излезе дека и другите општини не се согласуваат, па предложив тоа да биде 10 денари по глава на жител за овој период додека да се стави во функција јавното претпријатие. Овој предлог беше едногласно прифатен од сите градоначалници, по што беше преточен во одлука која општинските Совети треба да ја изгласаат, истакна градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов.

Секретарот на Општина Виница, Дарко Јангелов потврди дека секоја општина ќе го носи својот дел од финансискиот товар според бројот на жители од последниот попис.

-Градоначалниците се договорија од општинските буџети да биде финансирано тековното работење и одржување на заедничкото јавно претпријатие. Така, секоја општина ќе издвојува од буџетот по 10 денари од жител според последниот попис од 2021 година. Општина Виница, која брои нешто над 14.000 жители, оваа обврска ќе изнесува околу 140.000 денари годишно, истакна Јангелов.

Според најавите, наскоро треба да започне постапката за јавна набавка за изградба на депонијата. Процените се дека до септември оваа година ќе биде избран изведувач и ќе започнат градежните работи, со цел регионалната депонија да биде ставена во целосна функција во текот на наредната година.

Заедничкото претпријатие „Екоисток Североисток“ е веќе формирано, а со новите измени се редуцира и бројот на членови во Управниот и Надзорниот одбор заради поефикасно управување.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: источен плански регионрегионална депонија за отпад

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
22°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, SE
29%
768.07 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
чисто небо
21/12°C
чисто небо
22/9°C
чисто небо
19/6°C
чисто небо
20/7°C
чисто небо
20/9°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?