Со низа пригодни активности, денеска Основното училиште „Малина Попиванова“ го одбележа својот патронен празник, оддавајќи почит на ликот и делото на револуционерката чие име го носи.
Во рамки на одбележувањето, градоначалникот Владко Грозданов и повеќе делегации положија свежо цвеќе на бистата на Малина Попиванова, во дворот на училиштето.

Настанот имаше и посебна емотивна димензија. Во знак на сеќавање на трагично загинатиот ученик Томас Златков, во пожарот во „Пулс“, како и на сите млади кои ги загубија животите во трагичниот настан од 16 март 2025 година, училишната спортска сала е именувана „Томас Златков“.

По повод празникот, ученици од сите основни и средни училишта од Кочани, како и од Училиштето за цртање и сликање при ЦК „Бели мугри“, создаваа ликовни творби, промовирајќи ги креативноста и заедништвото.

Свеченоста беше заокружена со пригодна културно-уметничка програма со учениците од „Малина Попиванова“.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






