Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

По повод Меѓународниот ден на белиот стап во Кочани е отворена изложба на рачни изработки од Славица Димитрова

автор: Т. Ајтовски
15 октомври, 2026 13:19
во Култура
време на читање: 2 мин.
A A
По повод Меѓународниот ден на белиот стап во Кочани е отворена изложба на рачни изработки од Славица Димитрова

По повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, во Центарот за млади „Гнездо“ во Кочани беше отворена изложба на уникатни рачни изработки од Славица Димитрова.

Димитрова, која е член на Здружението на слепи и слабовидни лица, пред присутните ги презентираше своите изработки од накит и декоративни свеќи со различни мотиви.

Настанот беше дополнително збогатен со поетско читање, а неговата главна цел беше подигнување на свеста за потребите, правата и можностите на лицата со оштетен вид, како и поттикнување поголемо разбирање, почитување и поддршка од страна на целата заедница.

Во своето обраќање пред присутните, Славица Димитрова се заблагодари за поддршката и го сподели својот творечки пат, објаснувајќи дека нејзината креативна работа започнала преку проект во Здружението на слепи и слабовидни лица, по што од изработка на накит се пренасочила кон креирање декоративни свеќи.

-Сакам да се заблагодарам за вашето присуство и за поканата која ја прифативте да бидете дел од овој настан. Најпрвин започнав со изработка на накит преку претходен проект во Здружението на слепи и слабовидни лица, од каде што добив инспирација и идеја да продолжам да работам. Потоа се пренасочив на изработка на декоративни свеќи, бидејќи во нив повеќе се пронаоѓам и за пократок временски период можат да се направат повеќе изработки. Како слепо и слабовидно лице сакам да бидам еден вид мотивација за сите други лица кои имаат каков било хендикеп – да не го гледаат тоа како пречка, да не се срамат и едноставно, доколку имаат некаков талент, да се пронајдат и да го работат сето тоа, истакна Димитрова.

Светскиот ден на белиот стап за првпат официјално е прогласен во 1964 година во САД од страна на претседателот Линдон Б. Џонсон и е посветен на подигање на јавната свест за правата, потребите и секојдневните предизвици со кои се соочуваат слепите и слабовидните лица во општеството.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: ден на белиот стапздружение на слепи и слабовидни лица

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во Виница промовирана стихозбирката „Приказни во стихови“ од Бистра Митевска по повод нејзиниот 60-ти роденден
Култура

Во Виница промовирана стихозбирката „Приказни во стихови“ од Бистра Митевска по повод нејзиниот 60-ти роденден

автор: Т. Ајтовски
15 октомври, 2026 20:21
0

Во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница беше промовирана стихозбирката „Приказни во стихови“ од роднокрајната авторка Бистра Митевска. Настанот имаше двојно славенички карактер, бидејќи промоцијата на оваа...

прочитај повеќе
Во библиотеката „Искра“ во Кочани отворено Холандско катче со преведени книги од холандски автори
Кочани

Во библиотеката „Искра“ во Кочани отворено Холандско катче со преведени книги од холандски автори

автор: Т. Ајтовски
14 октомври, 2026 10:54
0

Во рамките на нејзината официјална посета на Кочани, амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, ја посети ЈОУ библиотека „Искра“, каде што официјално беше отворено Холандско катче. Катчето е...

прочитај повеќе

„АЛФА ГРАДБА“ – ДУП КРУШАРСКО МААЛО

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 15, 2026 - чет
Кочани, MK
11°C
неколку облаци
неколку облаци
1 m/s, N
74%
768.07 mmHg
fri10/16 sat10/17 sun10/18 mon10/19 tue10/20
чисто небо
15/6°C
облаци
15/4°C
чисто небо
16/6°C
чисто небо
17/8°C
чисто небо
16/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?