Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Со традиционално зажнејување и вршидба во Горни Подлог беа заокружени 35-тите „Денови на кочанскиот ориз“

автор: Т. Ајтовски
4 октомври, 2026 11:59
во Кочани
време на читање: 4 мин.
A A
Со традиционално зажнејување и вршидба во Горни Подлог беа заокружени 35-тите „Денови на кочанскиот ориз“

Традицијата на одгледување кочански ориз, вековна земјоделска култура која е заштитен знак и гордост на Кочани и целата Кочанска Котлина,  годинава по 35-ти пат беше прославена преку манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Завршниот настан се одржа во селото Горни Подлог, каде што на нива кај селото беше изведено традиционалното рачно зажнејување на оризот, со што симболично се означи почетокот на бериќетната жетва.

Централната прослава, обичајот за вршидба на традиционално гумно, како и богатата културно-уметничка програма се одржаа во дворот на манастирот „Св. Јован Крстител“ во Горни Подлог. Посетителите од сите генерации имаа можност да дегустираат традиционални јадења од ориз и да се запознаат со обичаите што со векови се пренесуваат од колено на колено.

На манифестацијата присуствуваа бројни гости од земјата и странство, меѓу кои дипломатски претставници од амбасадите на Германија и Кина, како и културно-уметнички друштва од Македонија, Црна Гора, Бугарија и Србија.

Годинава, наградата за најдобар земјоделец не замина кај еден поединец, туку им беше доделена на членовите на Црковниот одбор при манастирот „Св. Јован Крстител“ од Горни Подлог, кои и самите се вредни оризопроизводители. Паричната награда од ова признание ќе биде наменета за реконструкција и обнова на овој верски објект. Покрај тоа, признанија беа доделени и на АД „Водостопанство на Македонија“ — за помошта во справувањето со опасностите од поплавување во Горни и Долни Подлог — како и на Месната заедница од Горни Подлог.

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, истакна дека оваа манифестација го слави нераскинливиот спој меѓу градот и оризот, како и тешкиот труд на земјоделците.

-Оваа манифестација е со цел пред сѐ да го одбележи квалитетот кој го поседуваме, да го одбележиме трудот, маката и потта на вредните оризопроизводители и секако да ја одбележиме она што нѐ спојува. Нема место каде во светот да се спомне Кочани, а да не се зборува за кочанскиот ориз. Нека е среќна и бериќетна жетвата, нека е за многу години и нека ни е вековна традицијата, истакна Грозданов.

Ресорниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски посочи дека оризот е повеќе од важна земјоделска култура и дека државата сериозно се ангажира за решавање на сите предизвици во однос на пласманот и цените.

-Денеска ова е свечен ден не само за граѓаните на Подлог, туку и за цела држава, бидејќи посетеноста од најмладите до највозрасните покажува дека ја негуваме традицијата за одгледување ориз. Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената. Веќе остваривме повеќе средби со производителите и преработувачите за да ги договориме деталите за почетокот на засилената жетва. Наша главна цел е да имаме задоволни земјоделци и да го зачуваме квалитетот на оризот за идните генерации, рече Серафимовски.

На настанот присуствуваше и делегација од опозициската СДСМ, предводена од потпретседателката Фани Каранфиловска Пановска, која преку изјава за медиумите ги критикуваше актуелните состојби во овој сектор.

-Од разговорите со сите оризопроизводители состојбата е катастрофална. Искажуваат сериозно незадоволство и загриженост затоа што не можат да си ги покријат производствените трошоци. Денеска нема откуп на оризот. Тој ориз што го откупуваат го откупуваат по 16 денари. Таа цена за 1 килограм ориз е страшно понижувачка. Само во 2021 година, во времето на Социјалдемократскиот сојуз откупната цена беше 42 денари. Денеска кога земјоделците, оризопроизводителите се соочени со сериозен пораст на цената, на нафтата, на ѓубривата, на целата механизација, оваа цена апсолутно не ги покрива трошоците. Тоа што нема откуп е дополнително загрижувачки. И затоа ние уште минатата недела во Собранието поднесовме закон за да ги заштитиме оризопроизводителите во овој период на криза и понудивме конкретно за оризот по 10 денари од килограм произведен и откупен ориз, дополнителна финансиска поддршка за сите оризопроизводители, за да успеат да соберат некои средства со коишто ќе може да ја покријат следната сеидба. Во спротивно ќе се соочиме со тоа да нема да може да ги посеат нивите во следната година, истакна Каранфиловска Пановска.

Од СДСМ упатија повик до владејачкото мнозинстов, до  ВМРО-ДПМНЕ и целата владина коалиција сериозно да го разгледаат и да го поддржат ова законско решение и со најавениот ребаланс до крајот на годината да ги обезбедат овие средства за да продолжи прозивдоството на ориз.

Во рамки на културно-уметничката програма настапија фолклорните ансамбли од земјата и странство, како и новоформираниот музичко-инструментален состав „МузиКо“ од Кочани со обработка на традиционални и сопствени композиции.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: денови на кочанскиот оризопштина кочаниоризопроизводство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Судските рочишта за „Пулс“ да се интензивираат побараа семејствата на настраданите на 50. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Судските рочишта за „Пулс“ да се интензивираат побараа семејствата на настраданите на 50. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
3 октомври, 2026 17:53
0

Здружението „16 март 2025 Кочани“ го организираше 50-тиот „Марш за ангелите“, посветен на младите кои го загубија животот во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Протестниот марш тргна од...

прочитај повеќе
„Амфенол Технолоџи Македонија“ одбележува 13 години работење со преку 3.500 вработени, нови објекти и серија донации за заедницата
Кочани

„Амфенол Технолоџи Македонија“ одбележува 13 години работење со преку 3.500 вработени, нови објекти и серија донации за заедницата

автор: Т. Ајтовски
2 октомври, 2026 12:40
0

Со преку 3.500 вработени, нови инвестиции во автоматизација и проширување на капацитетите, како и со серија хуманитарни и инфраструктурни донации за Кочани, компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ го одбележува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 4, 2026 - нед
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
0 m/s, N
46%
769.57 mmHg
mon10/05 tue10/06 wed10/07 thu10/08 fri10/09
чисто небо
23/10°C
чисто небо
24/11°C
неколку облаци
21/12°C
чисто небо
22/12°C
одвоени облаци
23/13°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?