Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Судските рочишта за „Пулс“ да се интензивираат побараа семејствата на настраданите на 50. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
3 октомври, 2026 17:53
во Кочани
време на читање: 4 мин.
A A
Судските рочишта за „Пулс“ да се интензивираат побараа семејствата на настраданите на 50. „Марш за ангелите“ во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ го организираше 50-тиот „Марш за ангелите“, посветен на младите кои го загубија животот во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Протестниот марш тргна од Паркот на Револуцијата, поминувајќи низ Трговскиот центар, каде Александар Наунов, претседател на Здружението праша дали големиот број сведоци може да ја избрише трагедијата.

-Слушаме дека одбраната предложила повеќе од 200 сведоци во вкупност. Не знаеме што секој од нив ќе каже, ниту што ќе докаже. Тоа ќе го оцени судот. Но ние, родителите, прашуваме: може ли бројот на сведоци да ја избрише трагедијата? Може ли со сведочења да се избришат доказите што се изведуваат пред судот? Кој може да го негира она што е утврдено со цврсти докази? Ние не бараме пресуда од улица. Бараме секој доказ да биде разгледан, а постапката да се води навремено и без непотребни одолговлекувања, рече Наунов.

Како пример за ефикасност во судството тој го спомена случајот „Бачило“ од 2007 година, каде што судењето за 21 обвинет заврши во кус рок, поради што семејствата на настраднаите во „Пулс“ бараат интензивирање на рочиштата.

-Ако тогаш судењето за 21 обвинет можело да се заврши во краток рок, зошто во овој предмет расправите да не се одржуваат поинтензивно? Ние, родителите, бараме судењето да продолжи со повеќе од десет рочишта месечно, кога тоа го дозволуваат условите и процесните права на сите страни. Бараме расправите да се закажуваат редовно, а причините за секое одлагање јасно да се образложуваат. Нашите деца, насилно одземени од нас, нема да се вратат. Но, вистината и правдата не смеат да изостанат. Правдата веќе доцни, а секое непотребно одолговлекување ја продлабочува болката на семејствата што чекаат одговорноста да се утврди пред судот, додаде Наунов.

Маршот продолжи кон Управата за јавни приходи, Полициската станица, па сѐ до Основниот суд и Основното јавно обвинителство каде Розета Блажева, чиј брат е меѓу настраданите во трагедијата,  се осврна на изјавите на адвокатката на обвинетиот Дејан Јованов, која истрагата за поткуп ја нарече „конструкција и измислица“.

-Адвокатката го прикажува својот клиент како невин и како жртва, а истрагата ја нарекува ‘конструкција и измислица’. Се разбира, тоа е нејзино право како бранителка. Но, според нејзината изјава, Обвинителството ги имало фактите и доказите уште пред година ипол. Значи, доказите можеле да постојат толку долго, но истрагата станала ‘измислена’ дури кога Обвинителството почнало да постапува по нив. Интересна логика. Кога прашањата за лиценцата се споменуваат во главниот предмет, тие се дел од расправата; кога Обвинителството отвора истрага за поткуп, веќе се ‘конструкција’. Да разграничиме, во предметот за пожарот Јованов се товари за тешки дела против општата сигурност, а Обвинителството соопшти дека против него отворило истрага и за давање поткуп од член 358. Тоа се различни кривични дела. Дел од околностите може да се преклопуваат, но тоа само по себе не значи дека станува збор за исто дело или дека сомнежот за поткуп не треба посебно да се испита, рече Блажева.

Таа упати пет конкретни прашања до Обвинителството во врска со предистражните и истражните постапки:

  • Пред повеќе од две недели поднесовме барање за сомнеж за даночно затајување поврзано со Дејан Јованов. Дали веќе е оформен предмет и до каде е постапувањето?
  • Дали Државниот инспекторат за труд има поднесено кривична пријава за сомнежите поврзани со лиценцата и фалсификување исправа од член 378 став 4, а ако е поднесена, до каде е постапувањето по неа?
  • До каде е постапувањето по сомнежите за давање поткуп и за давање награда за противзаконито влијание на вработени од УЈП поврзани со случајот ‘Пулс’?
  • До каде е предистражната постапка на УЈП, за која се објави дека се води од 20 ноември минатата година?
  • До каде е предистражната постапка поврзана со Државниот инспекторат за труд која, според јавните информации, се води од 3 јули?

На маршот беше побарано Обвинителството јавно и недвосмислено да појасни кои постапки се водат, против кого, за кои дела и до каде се стигнати.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дискотека „пулс“здружение на граѓани „16 март 2025 - кочани“трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со традиционално зажнејување и вршидба во Горни Подлог беа заокружени 35-тите „Денови на кочанскиот ориз“
Кочани

Со традиционално зажнејување и вршидба во Горни Подлог беа заокружени 35-тите „Денови на кочанскиот ориз“

автор: Т. Ајтовски
4 октомври, 2026 11:59
0

Традицијата на одгледување кочански ориз, вековна земјоделска култура која е заштитен знак и гордост на Кочани и целата Кочанска Котлина,  годинава по 35-ти пат беше прославена преку манифестацијата...

прочитај повеќе
„Амфенол Технолоџи Македонија“ одбележува 13 години работење со преку 3.500 вработени, нови објекти и серија донации за заедницата
Кочани

„Амфенол Технолоџи Македонија“ одбележува 13 години работење со преку 3.500 вработени, нови објекти и серија донации за заедницата

автор: Т. Ајтовски
2 октомври, 2026 12:40
0

Со преку 3.500 вработени, нови инвестиции во автоматизација и проширување на капацитетите, како и со серија хуманитарни и инфраструктурни донации за Кочани, компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ го одбележува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 4, 2026 - нед
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
0 m/s, N
46%
769.57 mmHg
mon10/05 tue10/06 wed10/07 thu10/08 fri10/09
чисто небо
23/10°C
чисто небо
24/11°C
неколку облаци
21/12°C
чисто небо
22/12°C
одвоени облаци
23/13°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?