Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

“Водовод“ ќе ги чисти дуќаните на мостот кај Пазарот, Општината размислува за негова дислокација

автор: Т. Ајтовски
1 февруари, 2018 20:52
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
“Водовод“ ќе ги чисти дуќаните на мостот кај Пазарот, Општината размислува за негова дислокација

Локалната самоуправа на Кочани не бега од својот дел на одговорноста околу одржувањето на хигиената на јавниот простор, посебно за локациите за кои има и законска обврска.

Токму просторот на Градскиот пазар е едно од местата за чие одржување има реакции од граѓаните, поради што време е конечно да се преземат активности на терен. Ова, меѓу другото, беше речено при денешната обиколка на крајот од пазарниот ден, што ја направи градоначалникот Илијев во придружба на општинскиот комунален инспектор и директорот на КЈП „Водовод“.

Повод за посетата е токму информацијата на Канал 8 во која граѓаните реагираа за запуштеноста на деловните објекти на мостот кај пазарот.

– Се работи за приватен објект. За жал, сопственикот веќе го изгубил правото на сопственост и не можевме да утврдиме точно за чија спопственост се работи иништо другои не ни преостанува, како и минатиот пат што направиме акција за чистење на хотелот “Центар“ и оваа површина да ја исчистиме, се со цел на граѓаните да им покажеме дека нашата задача ќе си ја исполниме онака како што треба. Дека сме идеални – не, но навистина бараме одговорност и од сопствениците, а исто така и ги замолуваме и граѓаните да внимаваат каде, како и што оставаат, со цел нашиот град да биде пристојно место за живеење и да нема вакви грди слики, какви што гледаме денеска, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Иако “Водовод“ нема законска обврска да чисти и одржува приватни објекти, беше речено дека претпријатието на свој трошок ќе се ангажира за подобрување на состојбата токму на објектите на мостот кај пазарот.

-Ова конкретно не наша лична обврска, меѓутоа се со цел да ја подобриме хигиената ние ќе се потрудиме ди овој проблем да го надминеме, како што претходниот пат го чистевме стариот хотел “Турист“ или “Центар“ и овојпат ќе направиме наш исчекор и овој објект ќе го чистиме комплетно, рече Андреј Киров, в.д. директор на КЈП “Водовод“.

Купиштата отпадоци и нехигиената што останува по завршувањето на пазарот во централното градско подрачје е причина во Општината да се размислува и за поинакви решенија.

– Се поставува едно големо прашање дали навистина местото на пазарот е овде и мислам дека оваа теме е повеќе од зрела да размислуваме и да бараме решение за дислокација, односно за друго решение каде што граѓаните ќе можат да ги остварат сите свои права, но централното градско подрачје, како за хигиената, така и за другиот дел каде што сообраќајот и целокупното движење во овој дел на градот во денови на пазаар навистина е оневозможено и граѓаните се обесправени во овој дел, не можат да си ги извршуваат своите секојдневни задачи, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Градоначалникот Илијев рече дека ќе мора брзо да се бара решение за дислокација на пазарот, за да се промени сегашната состојба во централното подрачје на Кочани.

Уште пред десетина години како варијанти се спомнуваа локацијата каде што се одржува панаѓурот или пак во близина на градскиот базен, но за тоа би требало да се направат стручни елаборати и да се организираат трибини со граѓаните. 

©2018 

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: градски пазар

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 2, 2026 - пет
Кочани, MK
9°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, N
75%
771.07 mmHg
fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05 tue10/06
неколку облаци
22/12°C
чисто небо
22/9°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
21/11°C
одвоени облаци
20/11°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?