Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Заврши сеидбата на оризот во Кочанско на планираните 3.500 хектари

автор: Т. Ајтовски
8 јуни, 2023 11:49
во Кочани, Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Заврши сеидбата на оризот во Кочанско на планираните 3.500 хектари

Планот за сеидба на оризот во Кочанско е реализиран во целост и со главната земјоделска култура во регионот се опфатени околу 3.500 хектари.

Реализацијата на сеидбената кампања беше продолжена за десетина дена поради доцнењето во подготовката на површините во атарите на селата Чешиново, Спанчево и Соколарци.

Полнењето на нивите со вода, што почна во средината на април, се одвиваше без проблеми, а во каналската мрежа на хидросистемот „Брегалница“ се пуштаа просечно по околу десет кубни метри во секунда.

-Сезоната за наводнување ја почнавме со недостиг од околу 20 отсто од потребните количини вода, но обилните дождови кон крајот на април и почетокот на мај ја подобрија хидролошката состојба и ја наполнија браната Калиманци. Дотокот од реките е над просекот за овој период од годината, што значително го надомести недостигот. Пред неколку дена водата ја достигна максималната кота и беше на прелив, а во моментот се акумулирани над 113 милиони кубни метри. Со овие количини, како и со добра организација од наша страна и домаќинско однесување на водокорисниците, очекуваме сезоната за наводнување да се реализира според планот, истакна Благојчо Богатинов, раководител на водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани.

Од водостопанската подружница нагласија дека и покрај максималното ниво на акумулирана вода во Калиманци, распределбата ќе се врши крајно економично за да се обезбеди наводнување во текот на летниот период за полињата во кочанскиот, пробиштипскиот и светиниколскиот регион.

Според просечните приноси од единица површина се очекува од полињата во кочанскиот регион годинава да се добијат над 25 илјади тони оризова арпа.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: наводнувањеоризсеидба

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе
Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
19°C
облачно
облачно
3 m/s, E
48%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?